Адвокатот кој ги застапува дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на бугарскиот автопат Струма со автобус на Беса Транс, Николај Димитров вели дека барањата за оштета изнесува над 750 илјади евра. Тој во изјава за новинската агенција МИА вели дека таквото барање е во согласност со лимитот на осигурителна одговорност и судската практика во Бугарија, додавајќи дека целата процедура е во многу напредна фаза.
Тој посочи дека тужбите ќе бидат поднесени во рок од неколку дена и ќе се бара заедничко разгледување на бугарската Агенција за патна инфраструктура и на претставникот на македонска осигурителна компанија „Граве“, кои во Бугарија се претставени од Националното биро на бугарските осигурителни компании за автомобили.
Судски вештак повторно ќе врши увид на местото на несреќата на автобусот на Беса транс
Поради фактот дека несреќата се случила на територија на членка на ЕУ, законски наследници на загинатите македонски граѓани можат да ги искористат лимитите за осигурување во земји-членки на ЕУ, каде тие се до 12 пати поголеми.
Лимитот за цивилна одговорност во Северна Македонија достигнува до 600.000 евра, а во Бугарија како членка на ЕУ достигнува и до 5,2 милиони евра и затоа според адвокатот кога се поднесуваат барањата ќе биде направено, да се искористат бугарските услови, кои се дел од европските и да бидат обештетени сите настрадани.
Димитров исто така рече дека багажот на загинатите македонски граѓани за време на катастрофата е веќе вратен, но се утврдени некои предмети што недостигаат кај еден од неговите клиенти. Тој кажал дека жена му која загинала заедно со нивното дете за време на несреќата имала накит, кој потоа недостигал.