Ѓоковиќ се откажа од американскиот турнир поради ковид-правилата

Српскиот тениски шампион и поранешен светски рекет број еден Новак Ѓоковиќ денеска изјави дека нема да игра на претстојниот УС Опен поради правилата за вакцинација на играчите против Ковид-19.

Ѓоковиќ, кој одбива да се вакцинира, денеска најави повлекување од Грен слем турнирот преку објава на социјалната мреж Твитер, на само неколку часа пред да биде објавена ждрепката за настанот во Њујорк.

„За жал, овојпат нема да можам да патувам во Њујорк на УС Опен“, напиша Ѓоковиќ, кој со 21 Грен слем титула во сингл се обидува да го стигне Рафаел Надал, кој има 22.

Ѓоковиќ веројатно нема да игра на Австралија опен, вели татко му

Тоа е втор Грен слем турнир годинава кој 35-годишниот Србин ќе го пропушти поради невакцинирање. Претходно оваа година, тој беше депортиран од Австралија пред Австралија Опен.

Тој, исто така, им посака среќа на своите колеги и рече дека „ќе остане во добра форма и позитивен дух и ќе чека можност повторно да се натпреварува“.

Отвореното првенство на САД започнува на 29 август.