ЕУ ќе посредува во разговорите меѓу Ерменија и Азербејџан

Илустрација Нагорно Карабах и шест неделната војна

Лидерите на Ерменија и Азербејџан ќе се сретнат во Брисел на 31 август на разговори со посредство на Европската унија, соопшти денеска ерменската влада.. На состанокот ќе присуствува и шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

До овој состанок доаѓа по избивањето на борбите за спорниот регион Нагорно-Карабах на 1-3 август, во кои загинаа најмалку еден азербејџански и двајца етнички ерменски војници. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за насилството. Последната средба меѓу двајцата лидери се одржа во Брисел на 22 мај, на иницијатива на Мишел.

ЕУ повикува на итен прекин на конфликтот во Нагорно-Карабах

Азербејџан и Ерменија со години се заглавени во конфликт околу Нагорно-Карабах. Регионот претежно населен со Ерменци, кој имаше статус на автономна област во рамките на Советскиот Азербејџан, ја прогласи својата независност од Баку во услови на распад на Советскиот Сојуз, што предизвика војна од 1992-1994 година, која однесе околу 30.000 животи и раселени стотици илјади луѓе.

Војната заврши со прекин на огнот со посредство на Русија, оставајќи ги етничките Ерменци во Нагорно-Карабах под контрола на поголемиот дел од регионот, како и на неколку соседни области на Азербејџан. Преговорите со меѓународно посредништво со вклучување на Минск групата на ОБСЕ со копретседавачи од Соединетите Држави, Русија и Франција, не резултираа со резолуција пред да избие друга војна од големи размери во септември 2020 година.

Конфликтот кој што траеше 44 дена во кој загинаа повеќе од 6.500 луѓе заврши со прекин на огнот со посредство на Москва, при што Азербејџан ја врати контролата врз сите области околу Нагорно-Карабах, како и големи делови од територијата во самиот поранешен автономен регион. Околу 2.000 руски мировници беа распоредени во регионот за да го надгледуваат примирјето.

Ерменија и Азербејџан водеа две војни - во 2020 година и во 1990-тите - за азербејџанскиот регион Нагорно-Карабах, населен со Ерменци.

Шест недели борби во есента 2020 година однесоа повеќе од 6.500 животи и завршија со договор за прекин на огнот, постигнат со посредство на Русија.
Ерменија беше принудена да отстапи делови од територијата што ја контролираше со децении, а Русија распореди околу 2.000 мировници да го надгледуваат кревкото примирје, но тензиите продолжуваат и покрај договорот за прекин на огнот.

На почетокот на август се разгореа нови тензии бидејќи Азербејџан соопшти дека изгубил војник, а армијата на Карабах соопшти дека двајца нејзини војници биле убиени, а повеќе од десетина биле повредени.