Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изјави дека Киев и Москва се согласуваат дека персоналот на надзорното тело на ОН треба да оди за да ја испита ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е во вкрстен оган во борбите меѓу руските и украинските војници. Гроси рече дека разговорите за добивање пристап до објектот напредуваат и дека е „многу блиску“ до договор за посета на најголемата нуклеарна станица во Европа. Нуклеарката е под руска контрола од 4 март, речиси две недели откако Русија ја нападна Украина. На украинските инженери им беше дозволено да продолжат да работат во централата, под руски надзор.
Приведени двајца работници од централата Запорожје за пренесување информации на Украина
Тоа е место на борби меѓу руските и украинските сили во последните недели, што предизвика страв од нуклеарна катастрофа. И Украина и Русија се обвинуваат меѓусебно за гранатирање на централата. Обединетите нации понудија да помогнат да се олесни посетата на инспекторите на МААЕ, но Москва инсистираше инспекторите да патуваат до централата преку територијата што е контролирана од Русија, наместо преку Украина.