Шефицата за човекови права на ОН Бачелет го повика Путин да ги запре нападите врз Украина

Шефицата на ОН за човекови права Мишел Бачелет

Шефицата на ОН за човекови права Мишел Бачелет го повика рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на вооружените напади врз Украина и рече дека нуклеарната централа Запорожје мора да се демилитаризира. Електраната, најголемата во Европа, беше заземена од Русија во март, непосредно по инвазијата на Украина на 24 февруари. Таа постојано беше на удар во последните недели, предизвикувајќи стравувања од нуклеарна катастрофа како онаа во Чернобил во 1986 година. Башелет ја повика меѓународната заедница да води точна евиденција за сите сомнителни воени злосторства извршени во Украина од почетокот на конфликтот.

Расте бројот на цивилни жртви од руските напади со касетна муниција

„Меѓународната заедница мора да инсистира на документација“ за да може еден ден да ги докаже воените злосторства, додаде Бачелет во денешната изјава по повод крајот на нејзиниот мандат како висок комесар за човекови права на Обединетите нации. Украина ги обвини руските сили дека извршиле злосторства врз цивили во градовите Буча, Ирпин и Хостомел во првите денови од војната. Москва ги негира обвинувањата, и покрај извесните докази за злосторства.