Двајца полицајци загинаа во Бугарија во обид да запрат автобус со мигранти кои илегално влегле во земјата, соопшти бугарското МВР. Инцидентот се случил изутрината во 5 часот во градот Бургас. Во автобусот со турски регистарски таблички се превезувале 47 мигранти чија националност не е потврдена. Возачот на автобусот прво не застанал на два последователни контролни пункта на граничната полиција, а потоа влегол во населено место. Полицајците се обиделе да му го попречат патот со автомобил, но тој не застанал, удрил во автомобилот, а потоа удрил во автобуската постојка. Двајца полицајци во автомобилот загинале на лице место. Повредени нема, а покрената е истрага за инцидентот.
Грција овој месец спречила илегален влез на 25.000 мигранти
Засега не е покренато обвинение против возачот, но окружниот обвинител Георги Чинев ги нарече постапките на возачот „свесен чин“. Бугарија се наоѓа на миграциската рута преку која луѓето бегаат од Блискиот Исток во Европа. Малкумина од нив сакаат да останат во неа, а повеќето од нив се обидуваат илегално да одат понатаму и да стигнат до ЕУ.