Грчкиот министер за јавен ред, Такис Теодорикакос изјави дека за помалку од еден месец грчките власти спречиле околу 25.000 мигранти илегално да влезат во земјата. „Тоа е многу голем број“, рече Теодорикакос кој ја обвини Турција дека ги насочува барателите на азил кон Грција и додаде дека притисокот врз копнените и поморските граници со Турција „прераснува во посебна закана за интегритетот и безбедноста на Грција“. „Очигледно е дека турската страна систематски, методично и сложено ги користи овие несреќни луѓе“, рече Теодорикакос.
Грција планира да постави дополнителни 80 километри ограда на границата со Турција
Тој додаде дека многу мигранти кои доаѓаат во Грција се Сиријци и тврди дека биле „принудени на тоа бидејќи се чини оти турските власти им поставуваат дилема, или да се вратат во Сирија или да преминат во Грција“. Турските власти и меѓународните групи за човекови права постојано ја обвинуваат Грција дека илегално ги враќа барателите на азил без да им дозволи да аплицираат за азил. Атина ги отфрли обвинувањата.