Босна и Херцеговина го зазема првото место на листата на земји со најмногу намален број на жители во светот, покажа извештајот на Обединетите Нации за 2022 година, „Перспективи на светското население“. Според извештајот, Босна и Херцеговина годишно губи над 1,5 отсто од своето население годишно. Меѓу првите десет земји се најдоа и Србија и Хрватска, на седмото, односно осмото место. ОН очекуваат Летонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Литванија, Косово, Ерменија, Северна Македонија, Полска, да изгубат 40 до 50 онасто од населението до крајот на овој век.
„Анализата на состојбата со населението потврди дека Босна и Херцеговина е земја со „најниска“ плодност во светот – 1,25, високи нивоа на миграција и стареење на луѓето, како и со длабоко вкоренети родови нееднаквости“, предупреди неодамна Џон Кенеди Мосоти, претставник на Популациониот фонд на ОН во Босна и Херцеговина, по составувањето на Проекцијата за населението на државата за периодот 2020 – 2070 година.
Порастот на светската популација забавува, но годинава ќе достигне 8 милијарди
Тој оцени дека до 2070 година, таквите демографски трендови и нееднаквости ќе доведат до намалување на вкупното население за повеќе од 50 насто, додека демографската структура ќе се приклонува кон постарата популација, со нејзин удел во вкупниот број жители од над 40 проценти.