Протест на овоштарите на патот Битола – Ресен – Охрид

илустрација

Овоштарите од Преспа денеска од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид. Според организаторите на протестот, до ова доаѓа затоа што Министерството за финансии не ги исплаќа преземените обврски кон преспанските овоштари. „Протестот го организираме затоа што сеуште не е исплатен надоместокот за предизвикана штета од невреме град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година врз овошните насади“, вели членот на организацискиот тим Љубе Пампулевски.

Сиромаштијата ги брка земјоделците од нивите

Овоштарите од Преспа бараат итна средба со премиерот Ковачевски и министерот Бесими за надминување на проблемот во пресрет на бербата на јаболката која почнува за еден месец. „Овоштарите се во тешка состојба. Имаме кредити кон домашните банки, извршители често се пред нашите врати, а дополнително на тоа се зголемуваат трошоците за енергија, нафта и нафтени деривати, земјоделски ѓубрива, како и други финансиски проблеми кои единствено можеме да ги решаваме доколку Министерството за финансии ги исплати средствата“, нагласи Пампулевски.