Иранската армија започна серија вежби со беспилотни летала

Вежби со беспилотни летала во Иран 24.08.2022

Иранската армија започна серија вежби со беспилотни летала низ целата земја.
Портпаролот на армијата Махмуд Мусави изјави дека десетици беспилотни летала ќе бидат испратени од различни точки и бази од далечина до 1.000 километри, вклучително и подземни бази за беспилотни летала, за да се изведат нивните мисии.

Во последниве години, Иран стана плоден производител на дронови. Некои западни официјални лица стравуваат дека беспилотните летала од Иран може да завршат во рацете на Русија, која се соочува со западни санкции и меѓународна изолација поради војната во Украина.

Белата куќа во јули соопшти дека има информации дека Иран брза да произведе „до неколку стотици“ беспилотни летала за Москва. Минатиот месец, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека Иран се подготвува да ги обучи руските сили за тоа како да ги користат беспилотните летала.

Експертите велат дека стратешкото партнерство на Иран со Русија, како и растечките способности на Техеран за беспилотни летала, ја прават Исламската република логичен снабдувач за Москва.