Денот на независноста на Украина одбележан и во Македонија

Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје 24.08.2022

Со веење на украински и македонски знамиња и интонирање на украинската химна денеска на плоштадот во центарот на Скопје се одбележаа Денот на независноста на Украина- 24 август. Одбележувањето на плоштадот „Македонија“ во Скопје го организираа Амбасадата на Украина во државава и Здружението на Украинци „Лесја Украинка“.

Украинската химна истовремено беше интонирана во 50 држави во светот. Преку формирање жив синџир, беше поставен светски рекорд за изведување на Националната химна на Украина, во рамки на глобалната иницијатива „The free world gathering“.

Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија и Здружението на Украинци во Република Северна Македонија “Лесја Украинка” го одбележуваат Денот на независноста на Украина

Руман Буга, прв секретар во украинската амбасада во Северна Македонија, порача дека војната во Украина промени се, како и за државата, така и за Европа и за светот.

„Да се потсетиме на патот по кој ние Украинците тргнавме и колку успеавме да промениме. Украинците докажаа дека се непобедливи. Им благодариме на сите кои ја покажаа својата сила во ова време, сите кои се бореа и се борат за Украина и им помогнаа на нашите војници. Благодарност и до сите наши пријатели ширум светот за помош и поддршка за Украина“, рече тој.

Олександар Урбановиќ од Здружението „Лесја Украинка“ се заблагодари на Северна Македонија за помошта, опишувајќи ја како „мала земја со лавовско срце“.

„Дадовте дури и повеќе од што можевте и никогаш нема да заборавиме. 24 Август за Украинците е најзначаен празник бидејќи независноста е токму тоа за што се бори денес Украина“, порача Урбановиќ.

Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија и Здружението на Украинци во Република Северна Македонија “Лесја Украинка” го одбележуваат Денот на независноста на Украина

„Сакам да се заблагодарам на сите што дојдоа денеска на овој значаен за нас ден на којшто не само ја славиме денот на незаивсноста денес се наполнуваат шест месеци од руската агресија која не е оправдана за нашата татковина. За нас е многу важно што ни е што луѓето од целиот свет станаа свесни со кое зло денеска Украинците се борат. Светот ни помага во нашата борба, за што ние сме благодрадни. Секако благодарни сме на Македонија, мала земја со лавовско срце“, изајвија од Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“.

На одбележувањето поддршка за Украина дадоа и амбасадорите на Германија, Соединетите Американски Држави, Холандија, Шведска во Северна Македонија.

Украина прогласи независност од СССР на 24 август 1991 година, а нејзината независност е финализирана на 25 декември истата година. Службен јазик во државата е украинскиот, а доминантна религија е православието.