Нови 381 случаи на ковид, починати 2 лица

Илустрација

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.131 тестови, а регистрирани се 381 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни 80 се реинфекции. Оздравени сe 775 пациенти и пријавени се 2 починати лица од Скопје (58г) и Охрид (67г). Лицата се починати во болнички услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, од Скопје (62г), Кочани (73г), Свети Николе (86г) и Ресен (64г). Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 18. до 21 август.

Досега во земјата се направени вкупно 2.145.675 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.929, бројот на оздравени пациенти е 326.990, на починати е 9.461, а бројот на активни случаи изнесува 2.478