Двајца од врвните унгарски експерти за временска прогноза, шефот и заменик-шефот на метеоролошката служба, се отпуштени поради погрешна временска прогноза што предизвика политички метеж во земјата. По повод прославата на Свети Стефан, владата го организираше како што го нарече „најголемиот европски огномет“ за сабота навечер, но седум часа пред почетокот ја одложи церемонијата поради најава за предупредување за екстремни временски услови. Околу 40.000 ракети за огномет беа подготвени да бидат лансирани од 240 точки по должината на петкилометарскиот дел на реката Дунав во центарот на Будимпешта. Владата го одложи настанот за една недела поради екстремните временски предупредувања што ги доби, но невремето предвидено од Националната метеоролошка служба го смени курсот и наместо тоа погоди делови од источна Унгарија и целосно го заобиколи главниот град. Службата објави јавно извинување на својата Фејсбук страница во неделата, објаснувајќи дека се случил „најмалку веројатниот“ исход и дека неизвесноста е дел од временската прогноза.
Како климатските промени предизвикуваат топлотни бранови во Европа
Реакциите во Унгарија се различни. Околу 100.000 луѓе потпишаа петиција со која бараат откажување на огнометот поради војната во соседна Украина и мерките за штедење дома. Владините поддржувачи, сепак, беа бесни на наводната неспособност на синоптичарите и се надеваат дека прославите ќе продолжат според планираното следната сабота.