Амбасадата на САД ги повика американските граѓани да ја напуштат Украина

Амбасадата на САД во Киев

Амбасадата на САД во Киев, предупредувајќи на зголемена можност за руски воени напади врз Украина во наредните денови и повторно ги повика американските граѓани да заминат доколку можат. „Стејт департментот има информации дека Русија ги засилува напорите да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти на Украина во наредните денови“, соопшти амбасадата во предупредувањето на својата веб-страница.

САД: Русија наскоро планира напади врз инфраструктурата на Украина

„Амбасадата на САД ги повикува американските граѓани да ја напуштат Украина користејќи ги приватно достапните опции за копнен транспорт, доколку е безбедно да се направи тоа“, се вели во предупредувањето, повторувајќи ги советите од претходните безбедносни предупредувања. Киев ги забрани јавните прослави по повод утрешната годишнина од независноста од советската власт, наведувајќи ја зголемената закана од напад.