Главниот американски епидемиолог Фаучи се пензионира по 50 години

Ентони Фаучи

Водечкиот американски епидемиолог и главен здравствен советник на Белата куќа, Ентони Фаучи, објави дека ќе ја напушти функцијата во федералната влада во декември по повеќе од 50 години. Фаучи го раководи Националниот институт за алергија и заразни болести (НИАИД) од 1984 година и е главен медицински советник на претседателот Џо Бајден, а исто така раководи со лабораторија која го проучува имунолошкиот систем. „Јас одев во овој кампус, во лабораториите и во болницата секој ден, вклучително и повеќето викенди, веќе 54 години. Идејата да заминам очигледно е горчливо-слатка“, изјави Фаучи за Асошиетед прес.

Фаучи: омикрон сојот на коронавирусот го пустоши светот

Осумдесет и едногодишниот Фаучи стана познат на пошироката јавност како водечко лице на здравствениот систем за време на пандемијата на коронавирусот. Тој беше во владата за време на мандатот на седум американски претседатели, почнувајќи од Роналд Реган.