Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН за нуклеарката Запорожје

Советот за безбедност на ОН

Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со нуклеарната централа Запорожје, објави заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански. Тој изјави дека итниот состанок со дневен ред „Закани по меѓународниот мир и безбедност“ бил побаран поради, како што вели, актуелните украински провокации во врска со нуклеарната централа. Средбата, според него, е планирана за денеска во 21 часот. Полјански посочи дека руската мисија побарала од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да одржи говор за време на денешната средба.

Бајден, Џонсон, Макрон и Шолц бараат инспекција на окупираната украинска нуклеарна централа

Западните земји побараа в среда, на 24 август, да се одржи уште една средба за ситуацијата во врска со нуклеарната централа Запорожје. Гутереш вчера предупреди дека нуклеарниот ризик во моментов е на највисоката точка во последните децении.