Поранешниот директор на Управата за безбедност и контра разузнавање (УБК) Сашо Мијалков денеска се пријавил во затворот во Струга за отслужување на тригодишната затворска казна за случајот „Империја“, потврдуваат од Управата за извршување на санкции.
Претходно Мијалков се спогоди со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и освен казната затвор му се одзема и имот вреден над 30 милиони евра.
По ова поранешниот директор на УБК ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, што му овозможи казната да ја служи во затворот во Струга.
Против “затворскиот туризам“ со измени на законот за извршување санкции
Затворот во Струга е од отворен тип, односно осуденикот може да излегува во текот на денот, а таму само да преноќува.
Мијалков е виновен за злосторничко здружување и противправно стекнување и прикривање имот.