Околу девет илјади украински војници загинаа во војната со Русија

УКРАИНА - Украински војници од извидувачкиот тим се возат до позицијата во багажникот на пикапот на првата линија во регионот на Миколаев, Украина, 8 август 2022 година

Околу девет илјади украински војници се убиени откако Русија ја започна инвазијата пред речиси шест месеци, изјави врховниот командант на Украина, Валериј Залужниј.

Од стартот на војната, двете страни се крајно претпазливи во откривањето на бројките за загинати војници.

Последен пат кога украинските власти објавија загуби во вооружените сили беше во април, кога претседателот Володимир Зеленски изјави дека 3.000 украински војници биле убиени, а 10.000 биле повредени.

Што значи новата стратегија на Украина за следната фаза од војната

Москва, пак, смртта на војниците ги класифицира како државни тајни и ретко ги ажурира официјалните податоци на загинати.

Според последните официјални податоци кои ги објави Русија во март, околу 1.350 руски војници биле убиени.

Проценките на украинските власти пак беа дека Русија загубила околу 45.500 војници.