Костовски: Во случајот со Еуростанард банка вмешани многу институции

Еуростандард банка

„Еуростандард банка беше убиена со умисла“, изјави мнозинскиот акционер на Еуростандард банка Трифун Костовски на прес конференцијата на која тим од странски експерти за банкарски криминал предвоен од европскиот експерт Драго Кос го презентираа извештајот за пропаѓањето на Еуростандард банка. Кос изјави дека дошол до сознанието оти во Македонија од 2004 до 2020 е поставен систем за незаконско финансирање од банките. Според извештајот, шемата функционирала таков начин што одредена банка идентификувала компании коишто се подготвени да ги отстапат своите деловни сметки, на кои банката потоа исплаќала одредени износи врз основа на фиктивни договори за кредит, а потоа истите компании формално и ги позајмувале тие износи на други компании, исклучиво по избор на банката. На сличен начин, потоа овие средства и се враќале на банката.

Судскиот совет постапува по предметот со штедачите на Еуростандард банка

„Незаконски се искористени 3 милиони евра, наменски дадени депозит од Еуростандрад банка во Комерцијална банка, кој не може да биде пренаменет или користен за други потреби, без согласност на Надзорните одбори на двете банки, Во договор, кој го знаат само Управните одбори на двете банки, овие средства се исчезнати“, рече Костовски.