Американски војници во мисијата на КФОР на два хеликоптера УХ-60 „Блек Хок“ вршат обука на воениот полигон „Криволак“, соопшти денеска Генералштабот на Армијата на Северна Македонија. Вежбата на припадниците на вооружените сили на САД, кои се дел од мисијата на НАТО на Косово, започна на 20 август и ќе трае до 26 август. Исто така се посочува дека ваквиот тип на обука на припадниците на вооружените сили на САД во рамките на мисијата КФОР, што се спроведуваше и претходно, ја потврдува и промовира флексибилноста што „Криволак“ ја дава на тренинг активностите на вооружените сили на странските земји.
Американски бомбардери Б52 денеска над Скопје
Се додава дека овие активности се спроведуваат согласно одлуката на македонската влада со која се одобрува влез и престој на странски вооружени сили на територијата на Северна Македонија со цел учество во обука и како тесна поддршка на авионите на вооружените сили на САД на полигонот „Криволак“.