Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин за време на денешната работна посета на Москва, треба да се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Според руското Министерство за надворешни работи, Лавров и Вулин планираат да разговараат за соработката меѓу Русија и Србија и за итни регионални и меѓународни прашања, посочува руската државна агенција ТАСС.
Страднер: Тензиите на Балканот се подарок за Путин
Рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан-Харченко изјави дека во подготовките за средбата доминирало косовското прашање. Москва ги повика Приштина, САД и ЕУ да стават крај на неодговорните провокации и да ги обезбедат правата на српското население, пишува ТАСС. Ситуацијата во Украина ќе биде уште една тема на агендата на средбата меѓу Лавров и Вулин.