Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србите во Косово ги поддржуваат властите во Србија да најдат компромисно решение.
Тој рече дека она што тие го барале се гаранции дека нема да доживеат погром, што како што рече Вучиќ, тоа го гарантирал.
„Грчевито ќе бараме компромис во следните десет дена. Се надевам дека ќе успееме. Дали верувам во тоа? Се плашам, дека дури и да успееме, брзо ќе не чека следната кривина, а потоа следната и се плашам дека Рубиконот е преминат“, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија изјави и дека ќе направи се за да се дојде до решение.
Тој исто така рече дека на денешната средба со претставниците на Србите од Косово, бил информиран дека доколку не се постигне решение, Србите ќе ги напуштат косовските институции и дека ќе има „демонтирање на договорената наредба од Брисел, врз основа на договорот“.
Пред обидот на властите во Косово на 1 август да почнат да ги спроведуваат одлуките за издавање документи за влез-излез на српските граѓани и промена на српските регистарски таблички, локалните Срби на 31 јули подигнаа барикади во знак на протест.
Косовската влада потоа го одложи спроведувањето на тие одлуки до 1 септември.
На средбата на 18 август меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, не беше постигнат договор за овие прашања.
Средбата меѓу Вучиќ и Курти се одржа во рамките на дијалогот за нормализација
По средбата во Брисел, српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград се сретна со претставници на косовските Срби, а потоа ѝ се обрати на јавноста.