Кина ќе се обиде да ја заштити годинешната жетва од рекордна суша со „сеење на облаци“, користејќи реагенси за правење дожд.
„Следните десет дена се клучни за посевите со ориз во јужна Кина“, изјави денеска министерот за земјоделство Танг Ренџијан.
Тој додаде дека властите веднаш ќе преземат чекори за да се обезбеди есенска реколта, која сочинува 75 отсто од годишниот принос.
Властите ќе се обидат да го зајакнат дождот со создавање облаци со хемикалии и ќе ги прскаат посевите со средство за задржување на вода, за да го ограничат испарувањето, соопшти Министерството за земјоделство.
Намалениот принос од жетвата во Кина би имал глобални последици, бидејќи ќе се одрази на растот на увозот, што дополнително би се зголемил притисокот врз инфлацијата во САД и Европа.
Фбриките во провинцијата Сечуан беа затворени минатата недела за да се заштеди енергија за домовите, каде што повеќе се користат клима уреди поради екстремните горештини и температурите до 45 степени Целзиусови.