Времето сенеска ќе биде прoменливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 6.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.
Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени.