Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис изјави дека оградата кај Еврос на границата со Турција ќе биде проширена за околу 80 километри.
Тој рече дека Турција не е земја во војна и дека 38 мигранти кои биле заглавени на мал остров кај реката Еврос не биле на грчка територија.
Тој додаде дека Турција не е земја која е во војна и дека хуманизмот според него е многу важен, но дека луѓето кои сакаат да дојдат во ЕУ поради нееднаквостите што постојат во светот се стотици милиони.
„Не говориме за затворена Европа, но ниту за Европа во која криумчарите ќе одлучуваат кој ќе дојде“, рече тој.
Инаку Грција е дел од таканаречената балканската рута, од каде бегалци и мигранти преминуваат и во Македонија. Преку јужната граница, тие главно минуваат во околината на Дојран, преку Неготино и Велес, па се до Табановце, каде на илегални премини влегуваат кон Србија.
Во екот на бегалската криза од 2014 до 2016 година, стотици лица секојдневно бараа начин да стигнат до западните рзвиени земји на ЕУ.
Митракис за ситуацијата со мигрантите и бегалците во Грција рече дека во моментов згрижени се 18.000 лица, од 92.000 во 2020 година, а од 121 прифатен центар, сега работат 34 во цела Грција.