Во невреме на Корзика три лица загинаа, 12 се повредени

Корзика

Три лица загинаа, а 12 се повредени денеска во силна бура со грмотевици на францускиот остров Корзика, соопштија локалните власти. 13-годишно девојче загинало кога дрво паднало на кампување во крајбрежниот град Сагони, додека еден маж почина во камп во Калви. Во Коѓа жена загинала кога врз нејзиното возило паднал покрив од ресторан на плажа. Во некои области ударите на ветерот беа над 220 километри на час, соопшти француската метеоролошка служба.

„Боже, не напуштај нè“: историска суша ја зафати Европа

Поради невремето на островот без струја останаа околу 45.000 домаќинства. Околу 60 спасувачки операции се во тек долж западниот брег на Корзика за помош на бродовите. По летната суша, топлотни бранови и шумски пожари, невреме ги погоди Франција и соседните земји во последните денови.