Русија би можело да ја затвори нуклеарната централа Запорожје

нуклеарната централа Запорожје

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина може да биде затворена доколку, како што се наведува, украинските сили продолжат со гранатирање на објектот, нешто што Киев негира дека го прави. Игор Кирилов, шеф на руските сили за радиоактивна, хемиска и биолошка одбрана, денеска изјави дека резервните системи за поддршка на централата биле оштетени како резултат на гранатирањето.

Зеленски пред Макрон ја обвинил Русија за нуклеарен тероризам

Тој додаде дека во случај на несреќа во централата, радиоактивен материјал ќе ги покрие Германија, Полска и Словачка. Нуклеарката во Запорожје беше заземена од руските сили во март. Таа е блиску до линиите на фронтот и постојано бе под гранатирање во последните недели. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање во близина на централата.