Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека со загриженост констатира дека државната прослава на годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор во организација на Владата, наместо да има обединувачки карактер, беше уште еден повод за ширење омраза и меѓуетничка нетрпеливост. Комитетот смета дека јавната осуда е најмалку што може да го сторат политичките структури и ја повикуваат Владата да ги осуди изливите на омраза и суштински да се посвети на социјалната кохезија во државата.
ВМРО-ДПМНЕ негодува за скапата прослава на Рамковниот
„Најавата на водителката на македонски јазик, која беше исвиркана од страна на присутните, директно се коси со идејата за мултикултурен фестивал и предизвикува омраза меѓу етничките заедници во државата. Уште повеќе загрижува отсуството на осуда од страна на Владата, кое дополнително влијае на поларизацијата во општеството“, се наведува во соопштението од Хелсиншки комитет во кое се додава дека етничката припадност години наназад доминира како најчест основ за говорот и делата од омраза, а најбројни извршители и жртви се младите луѓе. Од Хелсиншки комитет посочуваат дека политичарите не смеат да го нормализираат говорот на омраза, затоа што така и самите придонесуваат во потхранување на атмосферата на поделби, тензии и дестабилизација.