Нови 590 случаи на ковид и двајца починати

Во последните 24 часа регистрирани се 590 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени 1.593 тестови. Од вкупниот број на позитивни (590), регистрирани се 142 реинфекции. Во текот на изминатото деноноќие пријавени се две починати лица во болнички услови. Нема починати од Регистарот на починати од ковид од Мој Термин.

Најголем дел од новозаразените се регистирирани во Скопје – 261, потоа следуваат Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп – 19, Делчево – 17, Штип – 16, Гевгелија – 12, Струмица и Струга – по 11, Кочани – 10, Гостивар и Неготино – по 9, Радовиш и Виница – по 7, Берово – 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Кичево и Валандово – по 4, Ресен , Свети Николе и Демир Капија – по 3, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Дебар, Пробиштип и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 583 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.041, бројот на оздравени пациенти е 323.051, на починати е 9.426, а бројот на активни случаи изнесува 3.564.