Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги обвини САД дека го продолжуваат украинскиот конфликт и сакаат да го „дестабилизираат“ светот со неодамнешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси на Тајван. „Ситуацијата во Украина покажува дека САД се обидуваат да го продолжат тој конфликт. И тие го прават тоа со поттикнување на можноста за конфликт во Азија, Африка и Латинска Америка“, рече Путин во обраќањето на Меѓународната безбедносна конференција во Москва. Путин ја оцени посетата на Ненси Пелоси на Тајван како дел од стратегијата на САД за дестабилизација на ситуацијата во тој регион.
Тајван тврди дека Кина сака контрола над морињата во регионот
Путин додаде дека посетата претставува „дрско непочитување на суверенитетот на другите земји и меѓународните обврски. Тој оцени дека станува збор за „внимателно подготвена провокација“. Односите меѓу САД и Русија, кои спроведуваат офанзива во Украина од 24 февруари и постојано ја осудуваа испораката на американско оружје на украинските власти во последните месеци, доживуваат период на невидена тензија. Русија, која е погодена со тешки санкции поради војната во Украина, се обидува да ги зајакне односите со земјите од Африка и Азија, особено со Кина.