Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за време на денешниот говор на меѓународната безбедносна конференција во Москва изјави дека Русија нема потреба да користи нуклеарно оружје во Украина. Според него, влегувањето на Шведска и Финска во НАТО ќе ја натера Русија да го преиспита својот пристап кон одбраната.
Бајден ги потпиша документите за членство на Шведска и Финска во НАТО
Шојгу, исто така, обвини дека украинските воени операции се планирани од Соединетите држави и Британија и дека НАТО за „неколку пати“ го зголемил распоредувањето на своите војници во Источна и Централна Европа. Осврнувајќи се врз Новиот договор СТАРТ, Шојгу рече дека разговорите за продолжување на договорот се „двонасочна улица“ и оти ситуацијата околу договорот за контрола на нуклеарното оружје меѓу САД и Русија „не е лесна работа“.