Оризопроизводителите најавуваат протести

Оризопроизводителите од Кочанско најавија дека денеска со трактори ќе го блокираат регионалниот пат Штип-Кочани кај Облешево. Тие велат дека ќе останат на патиштата на неодредено време и барат итна средба со претставници од власта. Оризопроизводителите, како што велат, се тешко погодени од новите цени на ѓубривата и нафтата и оти сегашната откупна цена е нерентабилна, затоа бараат оризовата арпа од новата реколта, се продава по цена од 40 денари.

Земјоделство дише на шкрги - Вие коментирате

Оризопроизводителите неколкупати излегуваа на протести. За околу два месеца ќе стартува новата жетва, па поради тоа барат проблемот со ниската откупна цена се реши поскоро. Годинава под ориз се посеани над 4.500 хектари и се очекува принос од околу 22.000 тони оризова арпа.