Потпретседателката на Демократската партија на Косово (ДПК), Вљора Читаку изјави дека на средбата на 18 август, премиерот на Косово, Албин Курти треба да разговара со претседателот на Србија Александар Вучиќ за меѓусебно признавање, а не за налепници и барикади на северот на Косово, додавајќи дека постои опасност дијалогот да се претвори во технички дијалог. „Очекувам премиерот да не оди во Брисел за да преговара за барикади и налепници. Очекувам премиерот да оди во Брисел и да разговара за сеопфатен договор со взаемно признавање“, рече таа предупредувајќи дека не треба да има договор за ништо додека не се постигне договор за се. „Премиерот мора да биде внимателен, да не падне во стапицата на Вучиќ, бидејќи му се допаѓа статус кво, одложување на процесот и разговори за технички прашања во Брисел. Мора да имаме наша понуда, тесно да се координираме со нашите партнери, бидејќи тоа не е наше должноста да се води, имајте го предвид расположението во Белград, но ајде да го направиме нашиот дел, да бидеме доследни и тесно да се координираме со нашите сојузници“, вели Читаку.
ЕУ бара Србија и Косово да престанат со запаливата реторика
Во исто време лидерот на Алијансата за иднината на Косово и поранешен премиер на Косово Рамуш Харадинај го нарече косовскиот премиер Албин Курти измамник и го обвини дека на состанокот што ќе се одржи во Брисел на 18 август сакал да постигне договор за ненапаѓање со Србија. Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се сретнат на 18 август во Брисел на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.