Неколку луѓе се убиени во Цетиње откако вооружен маж отворил оган врз неколкумина по семејна расправија. Станува збор за 34 годишен маж кој што по семејната расправија пред да дојде полицијата посегнал по пиштол и почнал да пука кон семејството и потоа кон случајни минувачи во близина на неговиот дом.
Како што јавуваат локалните медиуми, полицијата веднаш интервенирала и се обидела да го совлада напаѓаќот кој што одбил да се предаде и отворил оган кон полицајците. При вооружената пресметка го убила напаѓачот, но можно е да има и ранети полицајци.
Во клиничкиот центар во Подгорица биле доведени десетина луѓе, обвинителството е на терен заедно со полицијата и медициската служба. Се уште нема официјална потврда за точниот број на загинати, иако дел од локалните медиуми јавуваат дека се убиени намалку 11 луѓе.