Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека извештајот во кој се вели дека агентите на ФБИ барале документи поврзани со нуклеарно оружје кога го претресувале неговиот дом на Флорида е „измама“. Трамп ја објави изјавата на својата платформа на социјалните мрежи Truth Social на 12 август, еден ден откако Вашингтон пост објави информации од извештајот на ФБИ.
„Вашингтон пост“ објави дека агентите на ФБИ барале документи во врска со нуклеарното оружје кога го пребарале домот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Флорида оваа недела.
ФБИ барале документи за нуклеарно оружје во имотот на Трамп
Претходно, Министерството за правда на САД побара од судијата да го објави налогот за претрес што ФБИ го користеше при претресот на комплексот на Трамп на Флорида.
Трамп тврди дека ФБИ извршил претрес во неговиот имот на Флорида
Не е јасно дали таквите документи се пронајдени во претресот на 8 август.
Поранешниот претседател денеска го изедначи извештајот со контроверзи поврзани со Русија, неговите два импичменти и истрагата за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.
„Вклучени се истите корумпирани луѓе“, рече Трамп.
Трамп не понуди никаков доказ за да го потврди неговото тврдење дека доказите можеби се подметнати.
Трамп ќе сведочи во истрага за измама
Веста за претресот ја разбранува американската политика, бидејќи републиканецот Трамп, се подготвува за можна изборна кампања за претседателската функција во 2024 година. Тој и неговите републикански сојузници го опишаа претресот како политичка одмазда.
Претресот беше дел од истрагата за тоа дали Трамп незаконски земал документи од Белата куќа при напушањето на функцијата во јануари 2021 година.
Иако самиот полициски претрес е без преседан во историјата на САД - ниту еден поранешен претседател на САД никогаш не бил цел на федерален налог за претрес, но и одлуката на јавниот обвинител јавно да ја потврди информацијата за претресот беше исто така многу невообичаена.