Вирусот „Полио“ откриен во канализацијата во Њујорк

Илустрација, вакцинација против полио кај мали деца

Вирусот кој предизвикува детска парализа е пронајден во отпадните води во Њујорк, што е уште еден знак дека болеста, која не беше забележана во САД повеќе од една деценија, тивко се шири меѓу невакцинираните луѓе. Ова го соопштија денеска американските здравствените власти.

Присуството на полиовирусот во градските отпадни води сугерира веројатна локална циркулација на вирусот, соопштија градските и државните здравствени служби на Њујорк.

Државниот комесар за здравство, д-р Мери Т. Басет рече дека откривањето на полиовирусот во примероците од отпадните води во Њујорк е алармантно, но не и изненадувачки.

„Ризикот за њујорчаните е реален, но одбраната е толку едноставна - вакцинирајте се против детска парализа“, рече комесарот за здравство во Њујорк, д-р Ашвин Васан.

ОН алармираат поради пропуштените рутински вакцини за време на ковид-19

„Со детската парализа што циркулира во нашите заедници, едноставно нема ништо посуштинско од вакцинирањето на нашите деца за да ги заштитиме од овој вирус, а ако сте невакциниран или нецелосно вакциниран возрасен, изберете сега да ја земете вакцината“, додаде тој.

Васан посочи дека полиото е целосно превентивно и неговото повторно појавување треба да биде „повик за акција за сите нас“.