Кичевчанецот е тестиран на мајмунски сипаници и сега е во изолација

Илустрација

Кичевчанецот кој не сакаше да се тестира за да се утврди дали боледува од мајмунски сипаници, денеска се согласи, по што му е земен примерок потребен за тестот и во моментов е во изолација. Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ денеска изјави дека сомнителниот пациент од Кичево денеска е тестиран од инфектолози од Центарот за јавно здравје во Битола.

„ Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот, додаде Мехмедовиќ.

Ова беше првиот пациент кај кого постоеше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, но тој одбиваше да се тестира.

„Мајмунски работи“ со сипаниците

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски на последната прес-конференција во врска со овој случај потенцираше дека нема законска можност лицето да се присили за тестирање, бидејќи ова не е болест со која следи задолжителна изолација, туку има само препорака. Но, како што рече, постои можност да се побара здравствен надзор.