Косовскиот премиер Албин Курти денеска наведе дека изјавите во Белград за убиства и насилство зборуваат „за нив и нивната имагинација и планови, а не за Косово“. Ова е неговата реакција на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека на Косово подготвуваат ликвидација на Србите на север. „Прво, врз основа на победата во февруари минатата година, јас сум премиер на надеж и напредок, додека во Србија имате претседател на страв и закани. Кога во Србија зборуваат за насилство, зборуваат за себе, тие не зборуваат за нашата република, за нас зборуваат нашите институции“, вели Курти, а пренесува Косово-онлајн.
Вучиќ: Приштина се подготвува да ги ликвидира Србите на северот на Косово
Според него, Косово е за долгорочен мир и стабилност. „Први август требаше да биде целосно мирен ден, но на 31 јули барикади подигнаа луѓе кои ги охрабруваа и организираа и финансираа паралелните структури кои станаа криминални банди. Значи кога зборуваат, зборуваат за себе, ние сме за долгорочен мир и стабилноста и треба да ги заштитиме не само суверенитетот и територијалниот интегритет, туку и демократијата, владеењето на правото и никогаш да не го заборавиме напредокот“, рече Курти.