Помилуван потпретседателот на Самсунг за да ѝ помогне на економијата на Јужна Кореја

Потпретседателот на Самсунг Електроникс Ли Џае Јонг

Потпретседателот на Самсунг Електроникс Ли Џае Јонг денеска доби претседателско помилување, а владата во Сеул тврди дека тој бил потребен на чело на најголемата компанија во земјата за да го води економското закрепнување по пандемијата на коронавирусот. Милијардерот Ли Џае Јонг, осуден за поткуп и проневера минатиот јануари, ќе биде „вратен“ за да „помогне да се надмине економската криза во Јужна Кореја“, рече министерот за правда Хан Донг-Хун.

Осуден наследникот на Самсунг на 5 години затвор

54-годишниот Ли, кој е 278 најбогат човек во светот по богатство, беше пуштен на условна слобода во август 2021 година. Тој одлежа 18 месеци затвор, нешто повеќе од половина од неговата првична казна. Помилувањето ќе му овозможи на Ли целосно да се врати на работа. Ли беше помилуван заедно со уште тројца бизнисмени.