Украинскиот претседател ги повика официјалните лица да престанат да разговараат со новинарите за воените тактики против Русија, а висок функционер на Министерството за одбрана рече дека е отворена истрага за протекувањето на информациите. Коментарите на Володимир Зеленски, дојдоа во услови на континуирани шпекулации за причината за серијата експлозии во руската воздухопловна база во окупираниот Крим претходно оваа недела. Експлозиите уништија најмалку осум руски воени авиони и ги преплаши руските туристи кои летуваа на полуостровот на Црното Море.
Сателитските снимки покажуваат огромно уништување во руската воздухопловна база на Крим
Сателитските снимки покажуваат големо уништување во воздухопловната база Саки, во градот Новофедоривка на западниот дел на Крим. Русија сугерираше дека експлозиите биле последица на невнимание. Сепак, неименувани украински официјални лица изјавија за американските весници дека одговорни биле украинските сили. „Војната дефинитивно не е време за суета и гласни изјави. Колку помалку детали откривате за нашите одбранбени планови, толку подобро ќе биде за спроведувањето на тие планови. Ако сакате да генерирате гласни наслови, тоа е една работа; искрено, тоа е неодговорно. Ако сакате победа за Украина, тоа е друга работа и треба да бидете свесни за вашата одговорност за секој збор што го кажувате за плановите на нашата влада за одбрана или контранапади“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.
По нападот врз базата на Крим, експлозии потресоа воена база во Белорусија
Во објава на Фејсбук, заменик-министерката за одбрана Хана Маљар рече дека безбедносните служби истражуваат кој разговарал со медиумите за експлозиите. „Ваквото протекување ги нарушува плановите на украинските вооружени сили бидејќи непријателот ги прилагодува своите дејства и ги користи овие информации против нас“, напиша таа.