Германскиот емисар за Балканот Мануел Саразин, по средбата со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, изјави дека Германија и САД имаат заеднички интерес за Западен Балкан и дека Берлин и Вашингтон можат да обезбедат членство во ЕУ за балканските земји. „Прекрасно е да се посети специјалниот пратеник Ескобар во Вашингтон. Германија и САД имаат заеднички интерес за Западен Балкан. Заедно со нашите европски партнери, можеме да го обезбедиме регионот пат кон ЕУ. Се гледаме наскоро“, напиша Саразин на Твитер.
Ескобар: Прашањето за јазикот и идентитетот на С.Македонија не е прашање за САД
Ескобар пред неколку дена изјави дека ставот на САД е оти треба да се спроведат сите договори постигнати во рамките на дијалогот Косово-Србија, но и дека создавањето Заедница на општини со српско мнозинство не треба да биде во спротивност со Уставот на Косово и дека не треба да се создаде „држава во држава“.