Времето денеска: променливо облачно, на повеќе места со пороен дожд

Променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Дневната температура ќе се движи од 21 до 31 степен. Во Скопје и околината слично време, со температура до 29 степени.