Летонскиот парламент ја прогласи Русија за државен спонзор на тероризмот

арламентот на Летонија

Законодавците во Лeтонија ја назначија Русија како државен спонзор на тероризмот, наведувајќи ја тековната неиспровоцирана инвазија на Москва врз Украина, нејзините воени активности во Сирија и неколку случаи од висок профил на труење на критичарите на Кремљ. Летонскиот парламент ја усвои резолуцијата денеска, откако за неа гласаа 67 пратеници. Шеснаесет пратеници беа воздржани. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на Телеграм објави дека летонската резолуција е „ксенофобична“.

Забранетата руска тв Дожд ќе емитува програма од Летонија

Резолуцијата го осудува „насилството на Русија врз цивилите во остварување политички цели“ и ја осудува употребата на касетна муниција од страна на Москва „за да сее страв и неселективно да убива цивили“. Парламентот ги повика другите „земји со исто мислење“ да му се приклучат на потегот и побара Европската унија да престане да издава визи за граѓаните на Русија и Белорусија, истакнувајќи дека руската инвазија врз Украина е извршена „со поддршка и вмешаност на белорускиот режим“.