По нападот врз базата на Крим, експлозии потресоа воена база во Белорусија

воениот аеродром Зјабраука во југоисточниот регион Хомел во Белорусија

Пријавени се неколку експлозии во област во Белорусија во близина на воен аеродром за кој украинските власти велат дека руските воздухопловни сили го користеле за напади на украинска територија. Каналите Belaruski Hayun и Flagshtok Telegram цитираа сведоци дека во текот на ноќта се слушнале најмалку осум експлозии во близина на воениот аеродром Зјабраука во југоисточниот регион Хомел во Белорусија. Базата е на околу 30 километри од границата со Украина. Белоруското Министерство за одбрана соопшти дека во 23.00 ч. на 10 август се запалил моторот на воено возило и „преземени се мерки за гаснење на пожарот“, додавајќи дека нема жртви.

Сателитските снимки покажуваат огромно уништување во руската воздухопловна база на Крим

Инцидентот се случи по серијата експлозии во руската воздушна база во окупираниот украински регион Крим, кои уништија најмалку девет руски воени авиони. Киев јавно не презеде одговорност за нападот. Руското Министерство за одбрана негираше дека била нападната базата Саки на Крим. Украинските власти соопштија дека базата Зјабраука во Белорусија била користена од руските воздухопловни сили за време на тековната неиспровоцирана војна на Москва против Украина, која започна во февруари. Во минатиот месец војската соопшти дека Русија ги базирала мобилните ракетни системи Искандер-М и С-400 на белорускиот аеродром, користејќи ги за да ја нападне Украина.

Воздухопловните сили на Белорусија започнаа вежби дома и во една руска база

Авторитарниот владетел на Белорусија Александар Лукашенко отворено ја поддржа руската инвазија на Украина. Иако белоруските трупи не учествуваа во инвазијата, Минск и дозволи на руската војска да ја користи територијата на земјата за да влезе во Украина и да ги гранатира украинските градови.