Забраната на ЕУ за рускиот јаглен ќе стапи во сила на полноќ

термоцентрала во Бугарија

Ембаргото на ЕУ за увоз на руски јаглен стапува во сила на полноќ кога завршува преодниот период договорен од членките на блокот пред четири месеци. Забраната е дел од петтиот пакет санкции на ЕУ за казнување на руската економија откако претседателот Владимир Путин нареди десетици илјади руски војници да влезат во Украина кон крајот на февруари. Ембаргото за јаглен е првата мерка меѓу седумте рунди санкции на ЕУ што го погоди извозот на енергија. Европската комисија проценува дека прекинот на јаглен може да ја чини Русија околу 8 милијарди долари годишно. Земјите на ЕУ увезоа речиси 52 милиони тони јаглен од Русија во 2021 година, што е повеќе од 41 милион тони претходната година.

Најновите санкции на ЕУ сигнализираат „стратешко трпение“ спрема Путин

Понатамошната забрана на ЕУ за руската нафта треба да стапи на сила на крајот на годината. Санкциите на ЕУ се дел од невиден меѓународен одговор на најголемата воена инвазија во Европа од Втората светска војна, насочена кон нафта и гас, плаќања со SWIFT, прелети и патувања, радиодифузија и низа други области.