Полскиот премиер повика на реформи против „империјализмот“ на ЕУ

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската унија за империјалистичко однесување кон помалите земји-членки во авторски текст објавен на веб-страницата за весникот Велт. „Политичката практика покажа дека позициите на Германија и Франција значат повеќе од сите други“, напиша Моравјецки за германскиот медиум, повикувајќи на пристап заснован врз повеќе консензус. „Значи, имаме работа со формална демократија и де факто олигархија во која најсилните ја имаат власта“, наведува тој, додавајќи дека мора да има борба против империјализмот на ЕУ, како и со рускиот империјализам.

ЕУ им порача на Унгарија и Полска да ја зацврстат демократијата

Премиерот, чија националистичка влада на Право и правда постојано се судира со Брисел околу прашањата за владеењето на правото, смета дека руската инвазија врз Украина го фрлила фокусот врз недостатоците на ЕУ. Тој повика на „длабока реформа што ќе ги врати општото добро и еднаквоста во првите редови на принципите на Унијата“. Политичарите на владејачката партија во Полска велат дека Варшава би можела да и возврати на ЕУ доколку земјата не го добие својот дел од средствата за закрепнување од пандемијата. Брисел сигнализираше дека не е задоволен со најновите судски реформи во Полска.