Акција за спасување бегалци во близина на грчкиот остров Родос

илустрација

Од изутрината била во тек спасувачка акција во морскиот дел јужно од грчкиот остров Родос за пронаоѓање на бегалци и мигранти, а веќе се спасени 29 лица од околу 80 кои се пренесувале во чамецот. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека изутрината биле информирани оти чамец со странски државјани бил во тешка положба, по што веднаш започнала акцијата во која учествуваат два чамци за спасување на крајбрежната служба, еден брод на воената морнарица, три брода што се во близина, како и хеликоптер Супер пума.

Грција за 72 часа спречила над илјада бегалци и мигранти да влезат во земјата по морски пат

Спасувачката акција е на 38 наутички милји јужно од Родос во меѓународните води и во рамките на делот во кој Грција е одговорна за потрага и спасување. Од првиот момент бил информиран министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис, кој дал наредба веднаш да се мобилизираат сите средства за спасување на лицата.