Сајтовите што шират „митови“ се удвоиле откако започнала руската инвазија

Социјалните медиуми изложени со пропаганда, дезинформации и манипулации.

Бројот на веб-страници кои шират руско-украинска дезинформација е повеќе од двојно зголемен откако кон крајот на февруари стартуваше неиспровоцираната инвазија на Русија, вели NewsGuard група со седиште во Њујорк која ја оценува доверливоста низ медиумите. NewsGuard соопшти дека неговите експерти идентификувале 250 веб-страници кои објавуваат дезинформации поврзани со овие две држави, наспроти 116 во март. Се вели дека дигиталните платформи како Гугл, Твитер, Фејсбук и ТикТок воведоа „привремени мерки во некои земји против познатите руски пропагандни медиуми како што се RT и Sputnik News, откако Европската комисија забрани дистрибуција или рекламна поддршка за нив, финансирани од Кремљ.

Зеленски ги обвини руските хакери за „лажни вести“ дека е болен

„Сепак“, како што се наведува, „големиот број други сајтови идентификувани од NewsGuard продолжуваат слободно да шират митови на Интернет“. Тие вклучуваат „тврдења дека САД имаат лаборатории во Украина за развој на биооружје; дека руските трупи не се одговорни за масакрот на цивилите во Буча во март; и дека Русите не ја нападнале железничката станица во Краматорск во источна Украина“, наведува групата.

Забранетa во ЕУ, руската „Раша Тудеј“ може да најде дом во Србија?

Многу од сајтовите избегнуваат откривање на сопственоста или контролата, но тврдат - без докази - дека се независни тинк-тенкови или други непрофитни организации. Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јоурова, неодамна ја опиша дезинформацијата како „растечки проблем во ЕУ за кој мора да се преземат посилни мерки“.