На втората годишнина од спорните белоруски претседателски избори, Циханускаја именува „привремена влада“

Свјетлана Циханускаја

На втората годишнина од спорните претседателски избори во Белорусија, протераната опозициска лидерка Свјетлана Циханускаја, која многумина ја сметаат за победник на изборите во август 2020 година, ја именуваше привремената влада на земјата. Циханускаја вчера, последниот ден од дводневната конференција на белоруските демократски движења и групи одржана во Вилнус, Литванија, рече дека многу опозициски фигури побарале таа да создаде „обединета привремена влада“ и оти тоа го направила. Привремената влада ја сочинуваат Павал Латушка, кој е одговорен за транзицијата на власта, Александар Азарау, кој ќе се грижи за обновување на законот и редот, Валер Кавалеуски, кој ќе се фокусира на надворешните работи и Валер Сахашчик, кој ќе ја претставува привремената влада за прашања поврзани со одбраната и националната безбедност, рече Циханускаја.

„Позитивната иднина на регионот“ зависи од рускиот пораз во Украина

По претседателските избори на 9 август 2020 година, Белорусија беше погодена од бран протести против резултатите од гласањето што му донесе победа на авторитарниот владетел Александар Лукашенко и покрај тврдењата на опозициските лидери дека гласањето е наместено. Многу од опозициските лидери во Белорусија беа уапсени или принудени да ја напуштат земјата, додека Лукашенко одби да преговара со опозицијата.