Бајден ги потпиша документите за членство на Шведска и Финска во НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден, заедно со потпретседателката Камала Харис, шведската амбасадорка во САД Карин Олофсдотер и финскиот амбасадор во САД Мико Хаутала. Вашингтон, САД, 9 август 2022 година

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша документи за ратификација со кои се одобруваат кандидатурите на Финска и Шведска за влез во НАТО. Бајден рече дека очекуваниот влез на двете нордиски земји во Алијансата откако ќе ја добијат поддршката од сите 30 членки ќе биде „момент на пресврт“ за НАТО и „за поголема безбедност и стабилност не само на Европа и САД, туку и на светот“. Бајден ги потпиша документите - формално наречени инструмент за ратификација - на церемонија во Белата куќа на 9 август. Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Тие ги завршија пристапните разговори со Алијансата во минатиот месец.

Американскиот Сенат го одобри приемот на Финска и Шведска во НАТО

Сенатот на САД во минатата недела го поддржа проширувањето со гласање од 95 спрема 1. Членовите на Конгресот ги опишаа Шведска и Финска како важни сојузници чии модерни војски веќе тесно соработуваат со НАТО.

Анкара: Нема прием за Шведска и Финска во НАТО додека не ги исполнат своите обврски

Бајден рече дека двете земји ќе станат „силни, многу сигурни способни нови сојузници“ со преземање на „светата посветеност“ на меѓусебната одбрана. Тој исто така рече дека Русија на Владимир Путин „ги уништи мирот и безбедноста во Европа“ со инвазијата на Украина. „Путин мислеше дека може да не раздели... Наместо тоа, тој го добива токму она што не го сакаше“, изјави Бајден.